Американската филмска академија, денеска во Лос Анџелес ќе ги соопшти номинациите со петте кандидати во трка за „Оскар“ за церемонијата на доделување на престижната награда која ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. Македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ е во потесен избор во две категотрии – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.
Филмот „Медена земја“ досега доби престижни признанија и одлични критики од филмските критичари на светско ниво.
Strugaonline
Facebook Коментари