Богата програма за празникот Богојавление Водици во Охрид

- Локални
897

Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организираголем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20:00 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10:00 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Во насока на збогатување на содржините за гостите, на 20-ти јануари во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на празникот Свети Јован Крстител, на Градскиот плоштад со почеток во 12:00 часот ќе се одржи концерт на македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски.

Strugaonline

Facebook Коментари