Денеска се празнува Свети Наум

- Македонија
850

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни.  Денеска се празнува  Св. Наум Охридски.

Свети Наум бил  најблискиот соработник на Свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествувал како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум.

Свети Наум се претставил пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.

Свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност.

Facebook Коментари