Истражување: Натрупан плакар со многу гардероба носи психички проблеми

- Здравје
1121

Доколку спаѓате во огромната група на луѓе кои сметаат дека немаат што да облечат, најверојатно мислите погрешно. Експерти го истражувале овој „проблем“ и заклучиле дека всушност имате премногу облека и тешко ви е да се одлучите.

– Кога сме оптоварени со опции, се соочуваме со „парадоксот на изборот“. Тоа не се однесува само на облеката, туку и на разни животни ситуации. Големиот број опции може да предизвикаат проблеми. Со други зборови кога ќе се соочиме со преголем број можни избори, нашите и онака приоптоварени мозоци доаѓаат под дополнителен стрес и тоа ни предизвукува дополнителна загриженост, вели психологот Џо Хемингс.

За намалување на овој непотребен дополнителен стрес Хемингс препорачува  прередување на плакарот и отстранување на облеката, што повеќе не ја носите.

Facebook Коментари