Денеска се затворени граничните премини кон Грција

- Македонија
751

Од страна на грчките гранични полициски служби,  МВР добило известување дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на денешниот  ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.


Имено, според добиеното известување, на Граничниот премин Меџитлија  денеска (30.05.) од 00,00 часот до 24,00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси. Истото ќе важи и за Граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот започна денеска  во 05,00 часот а ќе трае до утре (31.05) до 05,00 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.  И за Граничниот премин Богородица најавен беше штрајк на грчките царински службеници во периодот од 07,00 часот денеска до 07,00 часот утре.
Инаку, МВР ја информира јавноста дека по однос на неколкунеделниот прекин на сообраќајот на магистралниот пат Скопје -Приштина на потегот од Хани Елези – Качаник, поради градежни зафати, од денеска оваа делница е пуштена  за сообраќај.   

Извор: МВР

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари