Заев: Се’ уште нема договор за името, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас

- Македонија
724
Се уште нема договор за името, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред споменикот на паднатите борци во дворот на Владата по повод една година од работењето на Владата.
„Се уште не е ништо договорено. Како што соопштија министрите Димитров и Коцијас договорени се принципи и начела на договор. Се работи на правно формалниот аспект на самиот договор, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас, верувам деновиве, вечерва, утре или до петок. На овој разговор очекувам да направиме исчекор што е многу значаен и затоа ги следиме сите шпекулации во јавноста. Веднаш штом ќе имаме информација транспарентно ќе ја споделиме со јавноста„-рече премиерот Заев.
Во делот на чекорите за спроведување на договорот, посочи Заев, нема ништо тајно, ниту непознато. Станува збор за работи што се разговарале на лидерската средба пред неколку дена. Додадено е само тоа што некој сакал да го додаде.
Извор: МИА
фото: Влада на РМ
Strugaonline

Facebook Коментари