Лев банер Десен банер

Денеска започнува летото

На 21 јуни, на северната полутопка започнува летото.  Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).

По македонско време, летото започнува во 11 часот и 13 минути, а завршува во петок на 23 септември во 03 часот и 3 минути. Летото ќе трае 93 дена, 15 саати и 49 минути.

Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната и краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат да се скратуваат, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа се до зимскиот солстициум (краткоденица) на 21 декември. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни за секое место, одејќи од екваторот кон половите.

error: