Вистински танц спектакл во Струга, на 29-ти јуни ,,101 танчер“ на студиото за танц БАХ

- Локални
549

Балетското студио БАХ подготвува вистински спектакл за годишниот концерт со наслов ,,101 танчер“ што на 29-ти јуни ќе се одржи во Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга.

Екипата на Play radio имаше можност да присуствува на една од пробите, забележавме дека публиката ќе има можност да проследи уникатен драмско-танцов перформанс.

Овој пат, освен љубителите на танцот, ќе уживаат и вљубениците во театарот. Баховски се перфектно подготвени со своите кореографии, а актерката Симона Спироска маестрално ја доловува својата улога.

Половина од билетите се веќе продадени, а на денот на концертот билети на врата нема да има.

Побрзајте и набавете си билет во просториите на Студиото за танц ,,БАХ“ во рамки на струшкиот центар за култура, или на телефон 078 447 530.

 

 

Facebook Коментари