Детални информации од Министерството за економија за туристичките агенции и изадавњето на ваучери за откажани аранжмани

- Македонија
660

Во врска со мерката за поддршка на туризмот која што ја Министерството за економија ја предложи до Владата која што денеска ја објави министерот за економија Крешник Бектеши, од министерството прецизно информираат дека мерката се однесува на донесување на Уредба со која туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на избувнување на кризата со Коронавирусот.

Со оваа мерка на туристичките агенции што работат outgoing (појдовен) туризам ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година. На тој начин клиентите кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот ги откажале своите аранжмани нема да ги изгубат уплатените средства на износот што го уплатиле, а во исто време туристичките агенции би можеле да го издржат финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период.  Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците.

„Туристичките Агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите. Туристичките Агенции кои нема да ги почитуваат условите за издавање на Ваучери, ќе добијат соодветни казни согласно законот за Туристичка дејнос и Законот за прекршоци.“ – информираат од Министерството за економија.

Strugaonline

 

Facebook Коментари