Два неработни денови следат во остатокот од месец мај

- Македонија
1138

Националниот ден на Власите (23 мај), вторник е неработен ден за припадниците на Влашката заедница во Република Македонија – соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Во текот на истата недела има уште еден празник 24 мај – среда, Ден посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

24 мај според Законот за празници е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Facebook Коментари