Боби Мојсоски со успешен настап во Варна, како специјален гостин на фестивалот „Откритие“

- Музика
940

Mладиот Боби Мојсоски настапи како специјален гостин на интернаионалниот фестивал „Откритие“ кој се одржува во Варна, Бугарија. Мојсовски е познат за публиката во Варна откако во 2011 година на истиот фестивал ја освои наградата „Златен клуч“ за Најдобра вокална интерпретација и трето место за најдобра песна.

Како единствен претставник од Република Македонија, тој се претстави со  авторските  песни „Те краде тој“ и „Погледни во мене“, а на барање на публиката, ја испеа и „I want it all“ на групата Queen.

 

 

Facebook Коментари