Два нови случаи на КОВИД 19 во Струга, во Македонија денеска регистрирани вкупно 53

- Македонија
800

Денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово-9, Прилеп-9, Тетово-4, Струга-2, Велес-12, Битола-2 и Македонски Брод-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово.

Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:

– Скопје – 401
– Куманово – 320
– Дебар – 51
– Штип – 32
– Прилеп – 112
– Тетово – 52
– Струга – 55
– Велес – 55
– Битола – 17
– Охрид – 7
– Кавадарци – 4
– Гостивар – 12
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 4
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 26
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино – 2
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод – 2

Strugaonline

Facebook Коментари