Дваесет и девет години суверена, независна и самостојна Македонија

- Македонија
515

Република Македонија денес го одбележува Денот на независноста, 8-ми септември, и прославува дваесет и девет години од сувереноста, независноста и самостојноста на државата.

На 8-ми септември 1991 година  95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Идниот прв претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, се обратил кон македонскиот народ со историскиот говор:

„Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.

Facebook Коментари