Единствениот европски број за итни повици Е-112 ќе се воведува во Македонија

- Македонија
925

На вчера одржаната седница Владата на Република Македонија  ја усвои информацијата за потребата од воспоставување на единствен комуникациско – информативен систем со единствениот европски број за итни повици Е-112 во Република Македонија. Владата го задолжи Центарот за управување со кризи во наредниот период, заедно со неколку надлежни министерства, како и институции да најде начин за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на активностите.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари