Автопатот „Александар Македонски“ преименуван во „Пријателство“; новото име на аеродромот „Александар Велики“ е „Аеродром Скопје“

- Македонија
923

Владата на вчерашната  53-та седница донесе одлука автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, да се преименува во „Пријателство“. Исто така министрите на вчерашната  владина седница ја прифатија одлуката аеродромот „Александар Велики“ од сега да го носи името Аеродром „Скопје“.

„Овие две одлуки се одлична вест. Покажуваат дека оваа Влада е сериозна во носењето одлуки. Но, ја покажува и решеноста да најде решение за спорот со Грција“ – истакна амбасадорот ан Европската Унија, Самуел Жбогар. Тој денеска се обрати на редовната седница на Владата на Република Македонија. Презентирајќи  ја стратегијата на Европската Унија за Западен Балкан, Жбогар истакна дека Република Македонија во последните неколку месеци бележи значителен прогрес. Меѓу другото, Жбогар рече дека проширувањето на ЕУ е во интерес на Унијата и дека таа ќе биде посилна ако е поголема.

Strugaonline

Facebook Коментари