Филипче: Доколку имате симптоми на коронавирус јавете се кај матичниот лекар

- Македонија
462

Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање. – порача министерот Филипче.

Тој додава дека од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“. Со ова, практично, во функција се ставаат сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите.

Strugaonline

Facebook Коментари