Филипче: Драган Вучиќ имаше многу тежок наод на белите дробови

- Македонија
893

Министерот за здравство, Венко Филипче, излезе со официјален извештај за смртта на познатиот водител и композитор Драган Вучиќ.

„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.“ – напиша Филипче на својот Facebook  профил и  упати  искрено сочуство до семејството и блиските.

Strugaonline

Facebook Коментари