Филипче и Шахпаска информираа како ќе функционираат градинките од 9-ти септември

- Македонија
457

Владината мерка со која еден родител на деца на возраст до 10 години се ослободува од работа не се укинува, информираше на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа додаде дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.

„Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила“, рече Шахпаска.

-Треба да се дезинфицираат градинките и дворовите , секој вработен да има лични заштитини средства и да има бесконтактен термометар. задолжително на секои два часа да се дезинфицираат површините. Да се избегне контактот меѓу различните возрасни групи , а игрите да бидат на отворено. Приемот на деца да биде на 10 минути со еден родител , кој има заштитна маска, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата.

Facebook Коментари