Филипче: Кинеските вакцини во земјава доаѓаат на 30 април или 1 мај

- Македонија
424

Кинеските вакцини ќе пристигнат во нашата земја на 30 април, или 1 мај, во зависност како ќе се одвива транспортот. -информираше денеска министерот Филипче.

,, Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28-ми април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и од тука најверојатно или на 30-ти вечерта или на 1-мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги смеестиме во ладната соба во поликлиниката ,,Јане Сандански’ – изјави Филипче.

Потоа, како што информираше министерот за здравство, според бројката на пријавени, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во земјава, за веќе после празниците да се вакцинираат граѓаните со оваа вакцина.

Facebook Коментари