Филипче: Линеарниот раст на заболените од коронавирусот во последниве две недели охрабрува

- Македонија
752

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека линеарниот раст на заболените од коронавирусот во последниве две недели охрабрува, што покажува дека нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните. Филипче исто така потсетува дека пикот допрва доаѓа и треба да се следат препораките.

„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките“, напиша министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Strugaonline

Facebook Коментари