Филипче: Намален е бројот на хоспитализирани лица, остануваме претпазливи бидејќи вирусот е непредвидлив и подмолен

- Македонија
448
После  редовната координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје, министерот Филипче информираше дека  деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата.
,,Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен.,,- напиша министерот на својот профил на Facebook.
Strugaonline

Facebook Коментари