Стружани хумани во време на пандемија, даруваа 60 единици крв, 13 од нив со ковалесцентна крвна плазма

- Локални
649

Шеесет крводарители  даруваа крв во големата крводарителска акција што вчера беше организирана од страна на Црвен крст-Струга и  одделот за Трансфузија што функционира во рамки на Општа болница Струга.

Од шеесете крводарители, тринаесет даруваа ковалесцентна крвна плазма исполнувајќи ги условите за прележан ковид 19, се со цел да им помогнат на сите пациенти кои сега се борат со вирусот. Исто така има и седум потенцијални дарители на крвна плазма.

,,Граѓаните покажаа голем интерес за оваа голема крводарителска акција што ја организиравме. Среќни сме што постигнавме ваква бројка на дарители, бидејќи сега, повеќе од кога и да било е потребно е да се покаже хуманоста преку дарување крв и крвна плазма и да му се помогне на здравствениот систем во време на пандемија. Работевме и повеќе од работното време, се со цел да ги примиме сити дарители. ,,- изјави за Strugaonline Адуриме Даути, секретар во Црвен крст-Струга.

Акцијата за дарување крв ја спроведе Д-р Цветанка Кочовска.

Strugaonline

Facebook Коментари