Филипче- Пикот стивнува, 200 000 кинески вакцини ќе стигнат околу 28-ми април

- Македонија
320

Министерот Филипче на денешната прес-конференција информираше дека бројот на новозаболени и хоспитализирани пациенти опаѓа.

-После оној еден мини пик во смисла на голем притисок на почеток на неделата, после тоа бројките се мали. Денеска и вкупниот број на новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации, меѓутоа тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје така и ширум државата, изјави Филипче

Тој рече дека на почетокот на следната недела се очекува да стигнат вакцини од компанијата „Фајзер“. Според најавата, како што појасни, на 19 април ќе стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а на 26 април уште 10.000.

– Утрово ја добивме потврдата од Кинеската амбасада дека 200.000 кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28 април, додаде Филипче.

Facebook Коментари