Филипче: Заев и Мицкоски во задолжителна домашна изолација по интервјуа со новинар заразен од КОВИД 19

- Македонија
986

На вонредна прес-конференција, министерот Венко Филипче информираше дека лидерите на двете политички партии, на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се во задолжителна домашна изолација, затоа што минатата недела имале интервју со новинар заболен од коронавирус.

Филипче рече дека  тестот на Мицкоски за коронавирус е негативен, а се очекуваат резултатите од тестот на Заев.

Лидерот на СДСМ  се наоѓа во родната Струмица и затоа неговите резултати ќе бидат готови малку подоцна.

И Заев и Мицковски секако ќе останат во домашна изолација.

Новинарот кој е заразен од коронавирус  е во добра здравствена состојба и се наоѓа во болницата ,,8 септември“.

Strugaonline

Facebook Коментари