Филиповска-Грашкоска: Во последните седум дена се извршени 5.503 контроли, затворен е еден угостителски објект

- Македонија
393
Во периодот од 2 ноември заклучно со 8 ноември, од страна на сите инспекциските служби се извршени вкупно 5.503 контроли (од кои 1.760 се надзори). Поединечно, во периодот од 2-ри до 8-ми ноември, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.743 контроли и  614 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, и Законот за заштита од пушењето и др. При тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести затворен е 1 објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти (неносење на заштитна маска) и поднесени се 26 прекршочни пријави, од кои 1 е за непочитување на КОВИД протоколот и 25 прекршочни пријави поради прекршување на материјалните закони . Поднесени се и 2 кривични пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, а дополнително, ДПИ изрече и 45 решенија и 43 платени налози по материјалните закони. Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалаена Филиповска Грашкоска, посочи дека по две недели откако инспекциските служби постапуваат според новите поголеми овластувања, контролите покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави.
,,Државен здравствен и санитарен инспекторат во истиот период изврши 67 надзори, при што се изречени 6 решенија поради констатирани неправилности, а дополнително здравствените инспектори во овој период  издадоа и 11.523 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и на лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид-19. Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 597  надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори , од страна на трудовите инспектори донесени се 24 решенија кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи ( рок на исплата на плати, минимална плата, додатоци на плата). Контролите на овој инспекторат во однос на протоколите се однесуваат на одржување на дозволено растојание, станици за хигиена, дезинфекција и друго. Во периодот од 2-ри  до 8-ми ноември Инспекторат за транспорт изврши 58 надзори . при тоа, за непочитување на материјалните закони изречени се: 12-прекршочни пријави и 9- решенија и 3 издадени патни налози. Ви истиот период,  МАЛМЕД има спроведено 37 надзори во аптеки во целата држава. Надзорите се извршени по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона вирус и издавање на антибиотици. При тоа не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите. Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 385 надзори, издадени се 11 решенија, 5 платни налози и споредени се 14 едукации. Инспекторите на АХВ констатирале  недостатоци за неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки,нерегистриран објект и небезбеден производ.,, -информираше Грашовска.

Taa информираше дека веќе две недели инспекциските служби постапуваат според новите поголеми овластувања. Контролите на инспекциските служби покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави, но факт е дека одредени субјекти повторно не ги почитуваат протоколите.

,Нема да дозволиме заради поединци да биде загрозено јавното здравје. Почитувањето на протоколите е неопходно во справувањето со оваа здравствена криза и за функционирање на системот. Мора да прифатиме и да разбереме дека оваа состојба ќе потрае, но доколку сите заеднички ги почитуваме мерките и протоколите, ќе придонесеме за успорување на  ширењето на вирусот и  за запирање на пандемијата . Инспекциските служби ќе продолжат да функционираат со полн капацитет, и нема да има толеранција за прекршителите на здравствените протоколи!“.“-потенцираше претседателката на инспекцискиот совет.
Strugaonline

Facebook Коментари