Филиповска – Грашковска: Затворени се 48 угостителски објекти, забранети за употреба се 215 кафемати

- Македонија
791

Во периодот од 2-ри до 5-ти април шесте државни инспекторати направиле вкупно 3 908 инспекциски надзори, информира на прес конференција претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска – Грашковска.

Во овие денови низ Македонија затворени се 48 угостителски објекти во градови и населени места, а забранети за употреба се 215 кафемати, рече Филиповска – Грашковска.

– Општа е констатацијата дека поголем дел од угостителите ги почитуваат мерките, но еден дел, особено во руралните средини не се придржуваат кон нив. Државниот пазарен испекторат направи 3233 контроли од кои најголем дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а 423 на замрзнатите цени на одредени производи. Забележано е помал број на зголемување на цените, особено на цитрусните овошја, меѓутоа во сите случаи е постапено и цените се вратени на ниво од 11-ти март. АХВ направи 208 надзори во маркети, месарници, зелени пазари и изреченисе две глоби. Се апелира да не се користат кафематите и апаратите за вода бидејќи може да се потендцијален преносител на заразата. Понатаму, меѓуопштинскиот сообраќај е намелен за 90%, при контрола на автобуски станици се почитува одлуката на Влада за 50% намален капшацитет односно преполовен број патници, а меѓународниот линиски превоз е во целосен прекин. МАЛМЕД спроведе 41 контрола и нема специфични отстапувања. Инспекторатот за труд направи 290 контроли, а издаде едно решение и 13 укажувања за работодавачи кои не ги почитувале мерките на Владата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат направи 66 надзори и издаде 164 дозволи за транспортери и професионални возачи, истакна Филиповска – Грашковска.

Facebook Коментари