Филмот ,,Дедо и внук“ вечерва ќе се прикажува на фестивалот ,,Браќа Манаки“

- Македонија
279

Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот  Илија Пиперкоски вечерва ќе се прикажува во рамките на Off програмата на 43-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

 – Погледнете ја проекцијата на играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперковски и кинематографија на Патру Паунеску. Приказната е раскажана преку очите на човек што ги цени вредностите на неговиот дедо и се бори да живее според нив. Филмот е семејна емотивна драма, огледало на секојдневниот живот на едно македонско семејство, потенцираат во најавата од „Браќа Манаки“.
Филмот ,,Дедо и внук“ е добитник на бројни награди на престижни филмски фестивали  во земјата и странство.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари