Филмот ,,Врба“ на Манчевски доби Сребрена палма на филмскиот фестивал во Валенсија

- Македонија
504

Филмот „Врба” на Милчо Манчевски ја освои престижната Сребрената палма на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија. Жирито на 35. издание на еден од најголемите европски фестивали ,,Врба“ го опиша како „одлично режиран филм што го истражува концептот на мајчинството низ потрагата по љубов на три жени”.

Минатата недела ,,Врба“  доби  и награда за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во САД каде ја имаше американската премиера.

Овие две награди се надоврзуваат на големиот  интернационален  успех изминатиов период-во септември филмот на Манчевски  беше избран во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Рејнденс во Лондон што  ќе се одржи овој месец.

Facebook Коментари