13 илјади брзи тестови денеска ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови каде што се прават тестирања

- Македонија
509

Денеска во земјава се очекува да пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19, информираше синоќа во интервју за Тв Сител, министерот за здравство Венко Филипче.

„13 000 брзи тестови ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање“, -изјави  Филипче.

Министерот посочи дека добиле голема сума пари со ребалансот на буџетот, близу 40 милиони денари и дека во наредниот период  ќе бидат набавени  близу 100.000 тестови  за да одговорат на сите потреби.

 

Facebook Коментари