Флипче: Скоро се готови протоколите за работа на училиштата од септември, планирано е учениците да се вратат во училишните клупи

- Македонија
350

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ja информираше јавноста дека доколку епидемиолошката состојба  и во септември биде мирна и стабилна како сега, учениците треба да се вратат во школските клупи.

-Скоро се готови протоколите за работа на училиштата од септември. Има уште некои технички детали кои ги работат во работната група во која членуваат претставници на МОН и наши епидемилози, претставници од Комисијата за заразни болести. Се планира децата да бидат присутни 100 проценти во училиштата. Протоколите опфаќаат мерки за дезинфекција, мерки на внимателност при влез и излез, нема да има мешање на различни класови. За неполни две недели целосно ќе бидат готови протоколите, а веднаш кога ќе започне имунизацијата со големата бројка вакцини кои доаѓаат викендов, продолжуваме со вакцинација на наставничките и наставниците. Од вкупно 30 илјади наставници, околу 10 илјади веќе се вакцинирани, тоа се оние наставнички кои работеа со физичко присуство, изјави министерот Филипче.

Facebook Коментари