Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) ќе помогнат во истрагата околу несреќата во Тетово
Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) пристигнуваат деновиве во Северна Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово-информираат од Владата.

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.
Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

