Одложени проекциите на филмот „Дедо и внук“ во Струга

- Локални
421

По трагедијата во Тетово, и тридневната жалост, проекцијата на филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски се одложува, информираат од НУЦК „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Од Центарот најавуваат подетални информации за датумот кога ќе се одржат проекциите во текот на следната недела и изразуваат искрено сочувство до семејствата на трагично загинатите лица во модуларната болница во Тетово.

Facebook Коментари