Од Државната изборна комисија (ДИК) ги соопштија резултатите на претседателските избори, по обработени 99,09% од податоците, кои покажуваат дека кандидатката на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска- Давкова е новиот претседател на Република Македонија.
Таа во вториот круг од вчерашните, седми по ред претседателски избори освои 560.170 (65,14%) од гласовите со предност од 308.629 гласови пред Стево Пендаровски од коалицијата предводена од СДСМ, кој освои 251.541 (29,25%) гласови.
,,Граѓаните направија вистински избор со тоа што избраа за првпат жена да стане претседател. Со мене, држете ме за збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Вацлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, поинаков од машкиот, да го бранат, тоа е голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор“, рече меѓудругото Силјановска – Давкова во својата изјава после победата.
Во идниот состав на Собранието 120 те пратеници ќе бидат од четири коалиции и две политички партии. Најголем број на гласови освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 431.251 или 43,23% од гласовите.
Strugaonline
Facebook Коментари