Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19, во градот има уште 39 нови случаи

- Македонија
667

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, пред малку ја информираше јавноста дека  е позитивен на КОВИД 19, тој додава дека освен него, во градот се потврдени  уште 39 нови случаи.


„Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.
– Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.“ – апелира Димитриевски.

Тој додава дека  ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.

„Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа!“ – додава Димитриевски. 

Strugaonline

Facebook Коментари