Инспекторите ќе вршат засилени контроли, МВР ги следи огласите за издавање објекти за новогодишните празници

- Македонија
641

Инспекциските служби најавуваат засилени контроли на угостителските објекти, а МВР ги следи огласите за издавање станови, викендици и други објекти во пресрет на новогодишни и божиќни празници се со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот ковид 19 и празниците да не бидат причина за зголемен број на случаи.

– За празниците очекуваме некаков став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос на проценката која ќе се направи проценка за ризик. Ние во МВР посебно ги следиме овие ситуации на издавање на објекти за прослава на празниците. И веќе имаме одредени сознанија пред се во туристичките места, низ државата и во близина на Скопје и сериозно ќе преземеме мерки, рече министерот Спасовски во гостување на ТВ 21.

– Апсолутно дека ќе има засилени контроли, но ќе зависи од тоа како ќе биде решението. Инспекциските служби не учествуваат во процесот на донесување одлуки дали ќе работат, нема да работат, дали ќе има некакви промени во однос на работењето на угостителските објкети. Во зависност од тоа што ќе се одлучи, така и ќе се организираме, изјави  Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет.

Следната недела се очекува одлука дали дополнително ќе се намали работното време на угостителските објекти за Новогодишните празници, според последните мерки, угостителските објекти сега смеат да работат до 21:00 часот.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари