Извештај на ИЈЗ: Бројот на позитивни од тестирани за 3% помал од минатата недела

- Македонија
295

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во период од 11-ти до 17-ти јануари, тестирани се вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистриран e 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 11 до 19%, просечно 16%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=631, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=446; 18,6%), 30-39 (n=422; 17,6%), 50-59  (n=403; 16,8%) и 20-29 (n=352; 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=31; 1,3%) и 10-19 години (n=112; 4,7%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.194 (49,8%) лица од женски и 1.203 (50,2%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

Facebook Коментари