Извештај на ИЈЗ: За 7,5% е намален бројот на новозаболени во споредба со минатата недела

- Македонија
223

Во периодот од 21-ви до 27-ми март тестирани се вкупно 16.074 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 2,9% во однос на минатата недела.

 Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани се 1.696 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 7,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност просечно е 10,1%.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица, 1,7% помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се вкупно 268 реинфекции, какои и 17 смртни случаи во 8 градови, што е за 13,3% повеќе во однос на претходната недела.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 21-26.03.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Велес, Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Штип, Неготино, Виница, Дојран и Гевгелија.

Во 5 (5,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.
Во 90 (94,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 51,2%, односно 47,3% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 41,2%.
Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 2.789, од тоа 221 е прва доза, 285 како втора доза и 2.283 аплицирани како трета доза.

Facebook Коментари