Комисијата дозволи да се организираат настани, подготвен е протокол
Комисијата за заразни болести дозволи да се организираат настани , информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата го прифати предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани , а министерот Филипче изјави дека е подготвен солиден протокол со строго контролиран влез.

