Утре се отвараат аеродромите во Скопје и Охрид

- Македонија
864

Двата аеродроми во Скопје и Охрид ги отвораме од среда.-информираше министерот Филипче.

Тој додаде дека протоколот е направен по сите светски стандарди. Целосно се почитуваат принципите за дистанца, задолжително носење маска, а на многу места во зградата се поставени места за дезинфекција на рацете. Во зградата ќе може да влегуваат само патниците, со што значајно се намалува ризикот од гужва.

-Ова е одличен модел и големо олеснување во целиот процес што значи чекирање карта, багаж итн. Поставена е термална камера на влез од ТАВ, а ние ќе продолжиме по истиот систем на скрининг, како што почнавме пред повеќе месеци на патниците кои доаѓаат. И понатаму ќе функционира собата за изолација, доколку некој патник е со покачена температура.- изјави министерот Венко Филипче.

Со лет на WizzAir во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм Скопје, додека аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ ќе се отвори еден ден подоцна, во четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари