Koмисијата за заразни болести предлага 14 дневена самоизолација за патници од Велика Британија

- Македонија
487

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија. Ова е предлог заклучок од утринскиот состанок на Комисијата за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

,,Предлог мерката ќе биде предложена на координативниот штаб, а ја донесовме превентивно по информациите дека нова мутација на ковид-19, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна.“ -информираше министерот Филипче.

Засега, Комисијата не ја разгледува опцијата за предложување на дополнителна мерка, како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.

Strugaonline

Facebook Коментари