Денеска во Македонија и на северната хемисфера започна зимата

- Македонија
394

Денес во 11:02 часот во Република Македонија и на северната хемисфера започна зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето изгреа во 06:58 часот, а ќе зајде во 16:05 часот. Денот трае 9 часа и 7 минути.

Зимата ќе трае до 20-ти март 2021 година во 10:37 часот кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Oсвен почетокот на зимата денешниот ден е посебен поради големата коњукција  на двете најголеми планети во Сончевиот систем – Јупитер и Сатурн

Овој феномен е многу редок, следната слична конјункција на двете планети ќе биде дури во 2080 година.

Светските астролози велат дека оваа голема коњукција носи ново време во кое меѓудругото материјалните добра ќе отидат во втор план, дека настапува ново доба на духовност и негување на вистински значајните вредности.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари