Kомисијата за заразни болести предлага етапно имплементирање на протоколите за новата учебна година
Членовите на Комисијата за заразни болести на својот редовен состанок остварија средба со претставници на Сојузот на средношолци, презентирајќи им извештаи со деталната состојба од COVID-19 во земјата.

-Дискутиравме за периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно.
Ги информирав средношколците дека сите мерки и протоколи се донесени врз стручни анализи и препораки на Комисијата и се во интерес на заштитата на нивното здравје. Периодот кој следи може да биде ризичен и да донесе зголемен број заразени па затоа нагласив дека е потребно разбирање и соработка од сите, особено од младите.“-информира министерот Венко Филипче за денешниот состанок.

-Се‘ може да се надомести, но здравјето и човечкиот живот не. Се договоривме да продолжиме со комуникација и понатаму, се‘ со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година.-додаде Филипче.
Strugaonline

