Лев банер Десен банер

Комисијата за заразни болести препорачува да останат истите мерки за угостителите и администрацијата

Комисијата за заразни болести денеска препорача да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од ковид 19.

Комисијата препорачала да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.

Се препорачува истите мерки да продолжат и во администрацијата.

,,Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.“- се вели во соопштението.

Oд здравство апелираат граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.

Strugaonline

error: