Охриѓанец физички нападнал полицаец, одредена му е мерка притвор

- Локални
340

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У(45) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“ .Тој, на 26.01.2021 година на улицата „Амас Емин“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник, кој преземал службени дејствија.  Од страна на судија на претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари