ЛТХ Леарница вработува, ова се работните позиции

- Македонија
987

ЛТХ Леарница вработува:

 

Продуктен менаџер

Квалификации:

  • Диоломирани инженери од техничките струки / Машинските инженери имаат предност
  • Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
  • Доверливост, мотивациски способности, упорност и организација
  • Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook)
  • Управување со време, високо ниво на иницијативност и технички прецизна комуникација и способност за работа со рокови

Одговорности:

  • изработка на калкулации, технички услови и услови за преземање, како и подготовка на понуди (технички работи)
    • организација и водење разговори со купувачите при воведување нови производи
    • соработка при изработка на плански акти и инвестициски елаборати во производството односно техничко-технолошката област
    • водење проекти од порачка до потврдување на сериското производство
    • координација на изработката и потврдување примероци за нови проекти и повторени алати
    • управување и порачка на повторени алати
    • изработка на анализа на трошоци за проектите
    • соработка со надворешни институции и деловни партнери во рамките на проектните задачи
    • управување и следење на производите за време на рокот на траење
    • контрола на рентабилноста на производите (ROS) во текот на траењето на рокот
    • учество при R&R
    • грижа за чисто и уредно работно место

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни/административни капацитети, работа само претпладне.

Останато:

  • почетна месечна плата : од 30.000,00
  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • доброволно приватно здравствено осигурување
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите пријави можат да ги испратат најдоцна до 15/02/2022.

Ве очекуваме!

Вашите апликации можете да ги испратита на линкот подолу најдоцна до 15/02/2022 година и само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

www.lthcastings.com/careersEMPLOYMENT OPPORTUNITIES

www.lthcastings.com

 

Инженер за контрола на квалитет во сектор на Обезбедување на квалитет на производ (1 извршител)

Опис на активности:

  • Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
  • Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
  • Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
  • Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
  • Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
  • Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)

Останато:

  • Почетна месечна плата : од 30.000,00, обезбеден топол оброк
  • Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати
  • Доброволно приватно здравствено осигурување

Квалификации:

  • Универзитетска диплома од техничките науки (апсолвенти)– Машински Инженери имаат предност
  • Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
  • Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
  • Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
  • Организација на време, високо ниво на иницијативност и комуникација, способност за работа со рокови.

Специфични квалификации:

  • Работно искуство од областа од 1 година како инженер за квалитет во автомобилска индустрија се смета за предност.
  • Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови и комуникација со купувачи (англиски јазик задолжително познавање и говорење).

Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

Вашите апликации можете да ги испратита на линкот подолу со избор на „EMPLOYMENT OPPORTUNITIES“  и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријава и достава на CV:  15/02/2022  на следниот линк:

https://www.lthcastings.com/default.asp?mid=en&pid=employmentopportunities

 

Возач на виљушкар

Опис на активности:

  • внатрешен транспорт/повремен надворешен во кругот на фабриката
  • магацинско средување
  • правилен утовар и растовар на производите во согласност со прописите
  • контролирање на состојбата на вилушкарите и уредите на нив
  • грижа за чистота, среденост и грижа за работното место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот

Останато:

  • Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати
  • Доброволно приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден топол оброк

Квалификации:

– Основно/средно образование 3 години

– Просторна ориентација, трпеливост и самоконрола, како и самоиницијативност

– Одлично ги познава правилата за безбедност и заштита при работа

– Возачка дозвола Б категорија

– Искуство со работа со виљушкар (предност)

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно.

Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

 

Вашите апликации можете да ги испратита на линкот подолу со избор на „EMPLOYMENT OPPORTUNITIES“  и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

Краен рок за пријава и достава на CV:  15/02/2022  на следниот линк:

 https://www.lthcastings.com/default.asp?mid=en&pid=employmentopportunities

 

ОПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНА 

Одговорности:

  • познавање на основните правила за стартување и работењето на машините за обработка
  • основно опслужување на машините за обработка со определени одлеаноци
  • прегледување на одлеаноците и препознавање на грешки во согласност со контролната документација
  • познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • грижа за чисто и уредно работно место – 5Ѕ и самоодржување

Квалификации:

Средно образование, техничко; друго

Вештини:

  • прецизност
  • соработка со останатите
  • снаодливост
  • организација на сопствената работа
  • осет за простор и чистота

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • додатоци на плата за сменска работа
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • доброволно приватно здравствено осигурување
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на линкот подолу најдоцна до 15/02/2022.

Ве очекуваме!

https://www.lthcastings.com/careers →EMPLOYMENT OPPORTUNITIES

 

CAM Programmer

Квалификации:

  • Диоломирани машински инженери / апсолвент
  • Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
  • Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
  • Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
  • Управување со време, високо ниво на иницијативност и технички прецизна комуникација, аналитичност и способност за работа со рокови

Одговорности:

  • изработка на CNC програми за обработка на алатите на CNC машини и електроди за EDM
  • соработка со производство и конструкција на алатницата при подготовка на технолошки постапки за изработка на алати
  • определување на времето на изработка и постапките на изработка на алатите
  • усогласување на работата со водачите на работа во согласност со терминските планови
  • водење на техничката документација за алатите, постапките и програмите
  • подготовка на предлози за спроведување на процесите за постојано подобрување
  • соработка при решавање на технички и проблеми со квалитетот
  • следење на R&R во својата област

Услови за работа:

Позицијата бара повремено користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

Останато:

  • Почетна месечна плата : од 30.000,00, обезбеден топол оброк
  • Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати
  • Доброволно приватно здравствено осигурување

Вашите апликации можете да ги испратита на линкот подолу најдоцна до 15/02/2022 година и само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

www.lthcastings.com/careersEMPLOYMENT OPPORTUNITIES

www.lthcastings.com

 Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120  дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

 

Facebook Коментари