Минималната плата се зголемува на 14.500 денари

- Македонија
715

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата на 14.500 денари од декември.

– Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата. Внимателно ги следиме сите мерки. ќе продолжиме со овие мерки за да може стопанството да ги следи истите. Сите треба да работиме ако сакаме повискои плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме, рече Заев.

Премиерот истакна дека до крајот на мандатот се надева дека  ќе ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Во моменов минималната плата во земјава изнесува 12.507 денари

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари