Крушево со рози ќе ги пречека маратонците кои трчаат во чест на Тоше

- Македонија
626

И оваа година Крушево со рози ќе ги пречека маратонците кои трчаат во чест на Тоше од Нова Градишка до Крушево во среда на 16 октомври со почеток во 11 и 30 часот.


СОУ Наум Наумовски Борче со поддршка на општина Крушево и Локален младински совет Крушево, како и останатите институции (спомен куќа Тодор Проески и Фондација Тоше Проески и др.)), приватни субјекти и граѓани организираат пречек на учесниците во ултрамаратонот со постелување на рози од влезот на градот, па се де гробното место на Тоше.
„Секој може да земе учество во пречекот со тоа што ќе купи роза и истата ќе ја остави на патот каде што поминуваат ултрамаратонците, а учесниците ќе бидат распоредени на главната улица на градот.“ – велат организаторите.
Strugaonline

 

Facebook Коментари