Министерот Филипче најави нова мерка

- Македонија
1599

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека утринава на состанокот со Комисијата за заразни болести било разговарано за нова мерка која ќе биде предложена во текот на утрешниот ден.

-Новата мерка се однесува за граничните премини, односно за влез и излез од Македонија ќе биде задолжително приложување на потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ дека граѓаните ја прележале болеста-изјави Филипче.

Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.

 

Facebook Коментари