За стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2024 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Северна Македонија, како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници.
Пријавувањето на Конкурсот за месечни надоместоци на самостојните уметници се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: uslugi.gov.mk
Конкурсот за месечни надоместоци на самостојните уметници ќе трае до 1.12.2023 година.
Правилникот за условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци, можете да го најдете на веб страницата на Министерство за култура
Facebook Коментари