Министерството за надворешни работи на Република Македонија (МНР) формира кризен штаб во врска со автобуската несреќа што утринава се случи во Бугарија.
– Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата. За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет. Телефонскиот број е 075/273-732, информираат од МНР.
Oд таму додаваат дека двајца вработени од министерството се упатени на помош во македонската амбасада во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.
Facebook Коментари